Рече, па одрече. Како и многупати досега актуелниот претседател Пендаровски вели дека бил погрешно разбран на прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат.
Од неговиот кабинет за „360 степени“ велат дека сепак мислел дека прашњето се однесува на тоа со што во моментов се занимава.
Од кабинетот на Пендаровски вели дека станува збор за погрешна интерпретација на одговорот и дека тој сакал да каже дека во овој момент не размислува за втор мандат, зашто сака да го заврши првиот, а оти има време кога ќе размислува дали повторно ќе се кандидира за шеф на државата, велат оттаму.
Претходно беше пренесено дека тој нема да се кандидира за втор мандат на претстојните претседателски избори.
Многу медиуми вклучувајќи и Радио Лидер ја пренесоа оваа вест. Нашата редакција напиша и повеќе околу прашањето: Кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ?
Прочитајте детално на линкот погоре.
Она што засега е јасно е тоа дека ВМРО-ДПМНЕ води на сите анкети за претседател.