Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации поврзани со површинска депонија, која се доведува во врска со изворот „Рашче“, што предизвика загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење. Од Град Скопје информираат дека водата е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи.
РЕДОВНИТЕ АНАЛИЗИ ПОТВРДУВААТ: Водата во Скопје е безбедна за пиење
Р
Водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, а надлежните институции вршат континуирани контроли на водоснабдителниот систем.
