Утрово Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје регистрираше земјотрес со магнитуда од 2,8 степени на 114 километри југоисточно од Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 25.04.2022 година регистрираше земјотрес 115 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 06 часот и 36 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Делчево Берово, Пехчево.