Тоа е единствената вакцина на пазарот досега што се прима во една доза.
Сите шест вакцинирани се жени на возраст од 18 до 48 години. Едната жена почина, а друга е во критична состојба во болница.
Во Америка досега се вакцинирани седум милиони луѓе со оваа вакцина, а околу девет милиони дози се извезени надвор од САД. Центрите за превенција на болести на САД бараат претпазливост и барем привремен прекин на вакцинацијата со вакцината „Џонсон и Џонсон“.
Европската агенција за лекови пред неколку денови објави дека ја испитува вакцината „Џонсон и Џонсн“ поради извештаи за редок несакан ефект.