-Тој, во периодот од 22.00 часот на 14 март до 06.00 часот 15 март оваа година, за осум часа, извршил 11 кривични дела „тешка кражба“ од такси возила и четири кривични дела „тешка кражба во обид“ од такси возила, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 22.800 денари и причинил материјална штета од околу 76.500 денари. Веднаш биле преземени мерки и за него била распишана потерница. На 8 мај, тој бил лишен од слобода на Граничен премин „Табановце“, по што бил спроведен во полициска станица каде што ги признал делата и го појаснил начинот на извршување, информираат од МВР.