Од нив 3 биле пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место за повеќе од 70 километри на час, односно тие возила се движеле со над 150 километри на час.

Преостанатите 30 пречекорувања на пропишаната брзина биле за 50 до 70 километри на час. При контролата, исто така, санкционирани се и 2 (ТЕ) пречекорувања на максималната брзина во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.