Бројот на граѓани заразени со грип оваа зима достигна највисоко ниво во последните 15 години, иако во изминатата недела е забележан пад од 15,4% во однос на претходната.
Најмногу заболени од грип во последната деценија и половина
Според податоците на Институтот за јавно здравје, оваа сезона на грип е најтешка во последните 15 години. Една жена починала од компликации предизвикани од грип на Клиниката за пулмологија.
Грипот сè уште сериозна закана за здравјето на најризичните групи
Во однос на возрасната структура на заболените, најмногу заразени има кај лица на возраст од 15 до 64 години – вкупно 1.465 случаи. Кај децата од 5 до 14 години регистрирани се 550 случаи. Највисока инциденца има кај децата од 0 до 4 години, како и кај оние од 5 до 14 години со стапка од 256,0 на 100.000 жители.
Епидемиолозите со прогнози за намалување на бројките
Иако во моментов бројот на заболени е висок, епидемиолозите очекуваат намалување во наредниот период. Сепак, остануваат на сила препораките за болните да останат дома, како и хронично болните граѓани да бидат особено внимателни.
Извор: Канал 5