-Оваа Резолуција е механизам со кој се обврзуваат сите, и Владата, и Претседателот и останатите институции да го почитуваат овој обврзувачки акт донесен од највисокиот законодавен и демократски дом во Македонија. Со овој документ ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има капацитет да изгради државен консензус за националните и државните интереси, во исто време да ги афирмира евроинтеграциите, два приоритети на Македонија кои се неразделни и еднакво важни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Резолуцијата дава јасни позиции изградени врз консензус, но и научна аргументација за тоа што смее, а што не смее да се разговара.

-Ваквата иницијатива требаше да дојде од СДСМ и власта, кои за жал не покажаа доволно свест и одговорност во претходниот период. За жал поради незнаење и незрелост бевме сведоци на многу изјави и потези кои отвораа нови спорови, кои отвораа простор за тргувања и негации за клучни идентитетски прашања и кои ги ставаа народот и државата во ситуација на нови преговори на штета на македонските национални и државни интереси, посочуваат од партијата.