Резултатите од локалните избори според премиерот ќе го потврдат изборот на кандидатите и ставот на граѓаните

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека резултатите од локалните избори во октомври ќе покажат која политичка реторика и кои кандидати имаат поддршка. Изјавата е реакција на денешната прес-конференција на СДСМ, на која беше критикуван кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

– СДСМ си има своја реторика, си има своја политичка комуникација. Јас не би ја коментирал. Да почекаме до 19 октомври, 20 часот – ќе ги слушнат резултатите и сè ќе биде јасно, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека добил информација од Собранието дека локалните избори ќе бидат распишани на 7 или 8 август, додека првиот круг ќе се одржи на 19 октомври 2025 година.