Билјана Алексова-Даневска наставник и родител вели дека реформата што треба да се воведе не е здрава за физичкото и психичкото здравје на учениците.
– Не е здраво за мозок, рбет, очите и ние како родители, но и јас како наставник не се согласувам. Доволно е тешка онлјан наставата за учениците, имаме паѓање на системот, па кочи компјутерот, а понекогаш пропадне и половина час заради технички проблеми, вели Алексова-Даневска.
Родителите и наставниците кои денеска протестираа на министерката за образование и наука, Мила Царовска и порачаа да седне да разговара со компетентни лица, а како што велат со водење инат нема напредок, туку во овој случај се прави штета на учениците.