Веднаш по оваа нејзина најава по социјалните мрежи се формираше група под името „Учебници и настава мора да има“ каде што голем број на родителите јасно посочуваат дека се против тоа.
Од истата група може да се увиди дека најпрво беше направена онлајн петиција против воведување на дигиталните учебници, а истите членови најавуваат и отварање на пунктови ширум целата држава, а истовремено од нивна страна се подготвуваат и протести.
Имено, во Фејсбук групата се појави објава во која стои дека денеска пред Министерството за образование и наука во период од 10:00 до 14:00 часот ќе се собираат потписи за поддршка на барањата на родителите и граѓаните кои се против воведувањето на дигитални учебници.
Овие барања како што се вели во самата Фејсбук објава, ќе се достават до МОН, Владата и Собранието а доколку не се прифатат нивните барања, изреволтираните родители и граѓани најавуваат протести, барање за оставка на министерката и покренување на граѓанска иницијатива.