Моторот наречен Ultrafan има дијаметар од 3,5 метри, а неговата цел е да помогне во редефинирање на одржливиот воздушен сообраќај во наредните години.

Проектот е поддржан од британската и од германската влада, а делови се произведуваат во Бристол во Велика Британија и во Далевиц во Германија. Потоа се доставуваат до Дерби за завршна работа. Бристол произведува систем за вентилатор на јаглероден титаниум, додека Далевиц настанува 50MW Power Gearbox, доволно моќен да покренува 500 семејни автомобил.

Моторот ќе биде за 25 проценти поекономичен од првата генерација Трент мотори, и ова е исклучително важно за да се постигне одржливост во авијацијата. Подобрената штедливост ќе помогне да се направи поблагатранзиција кон поодржливи горива. За време на првиот тест на моторот, ќе се користи 100 проценти одржливо авионско гориво.

Исто така, овој мотор ќе биде основа за потенцијалното ново семејство на UltraFan мотори, кои ќе ги покренуваат тесните и широки авиони.

Ultrafan мотор ќе има ново Advance 3 јадро со максимална ефикасност на согорување на горивата и ниска емисија на штетните гасови. Неговите напредни керамички компоненти ќе бидат поефикасни при температурите на турбините со висок притисок.

Моторот ќе биде изработен до крајот на годината.