Романија утре ќе гласа во првиот круг од претседателските избори, кои носат големи политички и економски предизвици за земјата. Граѓаните ќе одлучат кој ќе го наследи досегашниот претседател Клаус Јоханис, кој го завршува својот втор мандат.

Симион против Чиолаку – главната трка

Анкетите покажуваат дека премиерот Марсел Чиолаку, 56-годишниот лидер на Социјалдемократската партија (ПСД), има најголеми шанси да влезе во вториот круг. Неговиот главен ривал е Џорџ Симион, 38-годишниот десничарски лидер на Алијансата за обединување на Романија (АУР), кој ветува радикални промени.

  • „Јас сум еден од вас, не од нив“, изјави Симион за време на кампањата. „Секогаш сум бил меѓу луѓето и зборував за затворени фабрики, невработеност и сиромаштија што ги тера младите да ја напуштат државата.“

Чиолаку, од друга страна, се позиционира како стабилен избор со искуство во водењето на државата. Аналитичарите веруваат дека неговата умереност ќе му донесе предност меѓу гласачите.

Романија и регионалната стабилност

Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Романија стана значаен фактор за регионалната стабилност. Земјата го поддржа Киев со извоз на милиони тони жито преку пристаништето Констанца и донации на воена опрема, вклучително и системи за воздушна одбрана Патриот.

Симион, сепак, се противи на овие мерки и ја обвинува владата за фаворизирање на бегалците наспроти домашните жители.

  • „Време е да престанеме да ги ставаат странските интереси пред нашите граѓани“, изјави тој.

Економските предизвици за Романија

Новиот претседател ќе се соочи со забавена економија и буџетски дефицит, најголем во Европската унија. Изборот на граѓаните ќе биде одлучувачки за правецот на економската политика и за исполнување на обврските кон НАТО.

  • „Мојата цел е да ја зајакнеме економијата и да го подобриме животниот стандард на сите Романци“, изјави Чиолаку за време на телевизиско интервју.

Политичката улога на претседателот

Романскиот претседател има полу-извршна улога, командува со вооружените сили и ја води надворешната политика на земјата. Јоханис, кој ја завршува својата деценија на чело на државата, изјави дека е горд на „значајните чекори“ што Романија ги направила кон стабилност и интеграција во ЕУ и НАТО.