Јоханис ја повлече кандидатурата
Романскиот претседател Клаус Јоханис најави дека ја повлекува кандидатурата за генерален секретар на НАТО и Врховниот совет за одбрана на земјата ќе го поддржи Марк Руте за оваа функција. Тоа е последната земја на која холандскиот премиер му требаше поддршка за да смета на самитот на алијансата во Вашингтон во јули за официјално да биде избрана од лидерите на земјите-членки.
Врховниот совет за одбрана на Романија, исто така, одлучи да донира еден од двата тамошни системи „Патриот“ на борбена должност на Украина, но под услов да се одржат дополнителни преговори со сојузниците за да се замени со сличен систем за противвоздушна одбрана.
Поддршка и од Унгарија
Марк Руте за оваа позиција ја доби поддршката и од Унгарија. Повлекувањето на Јоханис му го отвора патот на Руте да го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО.
Претходно, 65-годишниот Јоханис вети дека ќе направи „обновување на перспективата“ за алијансата и за Романија „да преземе уште поголема одговорност за евроатлантското раководство“, но отпосле се откажа од оваа позиција.
Кој е Марк Руте?
Марк Руте е холандски политичар од Народната партија за слобода и демократија (VVD). Од 14 октомври 2010 година е премиер на Холандија.
Ја вршел функцијата на државен секретар во Министарстото за труд и социјална политика од 22 јули 2002 година до 17 јуни 2004 година и државен секретар во Министарството за образование, култура и наука од 17 јуни 2004 година до 27 јуни 2006 година во првиот и вториот кабинет на премиерот Јан Петер Балкененде. Во јуни 2006 година године поднел оставка на местото на државен секретар и станал водач на својата партија во парламентот.