Македонската влада со својата брза, навремена и посветена реакција по трагедијата во Кочани, даде пример за одговорност за регионот и земјите од ЕУ, пишува јавниот сервис Радио Телевизија Црна Гора.

Додека во некои земји во регионот жртвите и нивните семејства со години чекаат правда, Македонија покажа дека институциите можат да дејствуваат брзо и одлучно, стои во нивната објава.

По трагедијата во Кочани, каде што 59 лица го загубија животот во пожар, властите веднаш ги презедоа неопходните мерки – истрагата започна без одлагање, одговорните беа уапсени, а на највисоко ниво беше организирана помош за настраданите и нивните семејства.

ТОШКОВСКИ ЗАПОЧНА СО РАЗРЕШУВАЊАТА: Началници и командири ќе сносат одговорност за трагедијата во Кочани!

Во регионот често сме сведоци на долги процеси, каде институциите не носат конкретни одлуки со месеци, па дури и со години. Во Македонија, напротив, правдата не доцни – веднаш се воспоставува отчетност, а институциите покажуваат целосна посветеност на транспарентноста и законитоста.

Посебно внимание заслужува брзината на спасувачките екипи – на местото на несреќата пристигнаа медицински екипи во рекордно време, а државните болници обезбедија итна и квалитетна помош за повредените.

СРПСКИТЕ МЕДИУМИ: За разлика од Србија, во Македонија властите одговорно се справуваат со случајот!

Додека во другите земји јавноста се соочува со фрустрација поради бавноста на институциите, Македонија покажа како треба да функционира одговорен систем – со брза реакција, јасен став дека нема да има толеранција за неодговорност и подготвеност веднаш да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.

Најмалку 59 лица загинаа, а 155 се повредени во пожар во градот Кочани, Северна Македонија, што се случи ноќта меѓу саботата и неделата.