Најмалку шест лица се повредени во последниот руски ракетен напад врз градот Одеса, меѓу нив и едно дете, објавија украинските власти. Руските сили истрелале седум крстаречки ракети од Црното Море,а во нападот се погодени неколку станбени области. Во тек е и решавачка битка за Донбас. Американскиот ХИМАРС станува потенцијална закана за Русија при што приоритет на руската армија е уништување на високопрецизното оружје и артилерија со долг дострел што ја користат украинскитe воени сили. Руските ги засилуваат системите за противвоздушна одбрана во регионот Херсон.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека руските сили трпат значителни логистички загуби.

Додека министрите за надворешни работи на ЕУ ветија нови 500 милиони евра воена помош за Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг уште еднаш ги повика пратениците во Европскиот парламент дека Унијата треба да се стреми кон обезбедување значителна поддршка за Украина на долг рок.

Во меѓу време Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во иранската престолнина Техеран, каде што со иранскиот колега Ебрахим Раиси и турскиот Реџеп Тајип Ердоган ќе разговараат за судирот во Сирија, објавија иранските медиуми.

По издадена кривична пријава Руското Министерство за внатрешни работи објави потерница за познатиот украински новинар Дмитриј Гордон, кому во март му беше покрената постапка за јавно повикување на војна, поттикнување меѓународна омраза и јавно ширење лажни вести за акциите на руската војска.