Амбициите на Русија не завршуваат со Украина и Москва претставува поширока закана за европската безбедност. Европа мора да ѝ постави јасни граници на Русија поради зголемувањето на тензиите во балтичкиот регион, Полска, на Црното Море, па дури и во вселената.
„Русија точно знае што сака. И Русија сака повеќе од Украина“, изјави Мерц.
Критика беше упатена и кон оние кои не ја препознаваат опасноста што ја претставуваат руските намери во меѓународните односи.
„Секој што не го разбира тоа или не ја согледува реалноста или има сосема поинаква агенда – спротивна на слободата, отвореноста и либералните вредности на нашата земја“, порача Мерц.
Германија предолго ги запоставувала клучните прашања поврзани со одбраната, инфраструктурата, демографските промени и економијата и сега мора итно да се посвети на нивно надминување. Руското дејствување не се ограничува само на воениот конфликт на украинска територија, туку притисокот директно расте и во други европски региони.
„Русија ги зголемува тензиите во балтичкиот регион, Русија ги зголемува тензиите во Полска, на Црното Море, Русија ги зголемува тензиите во вселената“, рече Мерц.
Ескалацијата се чувствува и на германска територија дури и по цена на човечки животи.
„Како Европејци, мораме, и ќе ѝ поставиме јасни граници на Русија“, порача Мерц.
Предупредувањата доаѓаат во период кога разузнавачките служби изразуваат загриженост дека Москва би можела да постави во орбитата сателит опремен со нуклеарно оружје за уништување или онеспособување други сателити. Темата беше разгледана и на средбата со раководството на Алијансата во Берлин, каде што беше нагласено дека постојано се проценува безбедносната состојба за заштита на територијата на земјите членки.
„Можам да ве уверам дека секогаш ќе се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа подразбира и да бидеме безбедни кога станува збор за вселената“, изјави Руте.
