Русија одолговлекува во однос на завршувањето на конфликтот во Украина
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека претседателот Доналд Трамп сè повеќе губи трпение поради одолговлекувањето на Русија во однос на завршувањето на војната во Украина.
– Иако има добри телефонски контакти со рускиот претседател Владимир Путин, од тие разговори нема вистински резултати. Доаѓа време за конкретна акција и претседателот тоа јасно го стави до знаење – изјави Рубио за Фокс Њуз.
Рубио нагласи дека ова не е војна која Трамп ја започнал, но дека прави сè што може за да ја заврши.
Тој посочи дека Кремљ користи тактика на одолговлекување.
Според него, Кина игра клучна улога во продолжувањето на конфликтот – пред сè со финансиска и енергетска поддршка за Русија, особено преку купување руска нафта.
– Русија одолговлекува, Кина помага, а САД мораат да делуваат. Некои држави како Кина, Русија и Северна Кореја станаа повнимателни со поддршката за Иран, откако САД демонстрираа воена супериорност – нагласи Рубио.
Тој додаде дека претседателот Доналд Трамп со тоа потсетува на решителноста и воената сила на САД, која нема да остане пасивна.