Руското Министерство за навдворешни работи денеска соопшти дека протерува 34 вработени во француските дипломатски претставништва.
– Триесет и четворица вработени во француските дипломатски претставништва во Русија се прогласени за „персона нон грата“.Тие имаат рок од две недели да ја напуштат земјата, се наведува во соопштението.
Протерувањето на француските дипломати е реципрочна мерка по протерувањето на руските дипломати од Франција како дел од заедничката европска акција поради руската инвазија врз Украина.