Руски системи за противвоздушна одбрана соборија украински воен транспортен авион во близина на Одеса, кој доставуваше муниција и оружје, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Конашенков додаде дека руските противвоздушни сили собориле и украински хеликоптер Ми-24 во областа Харков, пренесува ТАС С.

Конашенков рече дека се уништени 13 украински беспилотни летала, вклучително и два авиони Ту-143 „Реис“ од советско производство, додаде Спутник.

-Вкупно 179 авиони, 127 хеликоптери и 1.019 беспилотни летала се уништени од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, посочи Конашенков.