Руските средства на францускиот производител на автомобили Рено станаа државна сопственост, соопшти денеска Министерството за индустрија и трговија на Русија. Објавата е во момент кога странски компании ја напуштаат државата поради воената кампања на Москва во Украина.
„Потпишани се договори за трансфер на руски средства на групацијата Рено на Руската Федерација и владата на Москва“, се вели во соопштението на Министерството.