Потенцијалните нови соеви на коронавирус, се чини, нема да ја намалат ефикасноста на руските вакцини против ковид, изјави главниот истражувач на Рускиот институт за истражување на Гамалеја, Виктор Зујев.
-Од денес, на прашањето – дали појавата на мутации може да ја намали ефикасноста на вакцините, можеме да одговориме дека не постои таква опасност, нагласи Зујев, пренесува руската агенција Тас с.
Претходно, главната руска санитарна докторка Ана Попова изјави дека руските вакцини гарантираат заштита од сите соеви на коронавирус.