Бразил претстави „многу амбициозни“ климатски обврски и САД се надеваат дека бразилската Влада ќе ги исполни, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
– Тоа би имало огромно значење за напорите кои мора да бидат глобални, изјави Блинкен во Лос Анџелес.
Првата официјална средба меѓу претседателите на САД и Бразил, Џо Бајден и Жаир Болсонаро се одржа во четвртокот.
Извори од бразилската Влада рекоа дека на состанокот Бајден му ветил на Болсонаро оти САД ќе ги преиспитаат царините за бразилскиот челик воведени во времето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.