Претходно привремената влада на Хаити соопшти дека побаала од САД да распореди американски војници во земјата за да се заштити клучната инфраструктура додека траат обидите да се стабилизира земјата во кои се подготвуваат изборите по убиството на претседателот Моисе.

Во обидот за смирување на состојбата хаитскиот Сенат именуваше преоден претседател, а властите побараат и од САД и од Обединетите нации испраќање воени трупи на Хаити за да помогнат во заштите на стратешките позиции и места во земјата.

„Како одговор на барањето на хаитските власти за помош во истрагата и за зачувување на безбедноста, што е поскоро можно ќе испратиме повеќе службеници на FBI и DHS во Порт-о-Пренс да ја проценат ситуацијата и на кој начин можеме да помогнеме. Приужаме ио финансиска помош, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, на прес-конференција.

Меѓутоа висок функционер на американската администрација изјави дека „не постојат планови дека САД сега ќе пружат воена помош“.

Американските агенции за спроведување на законот и разузнавачките агенции сѐ уште работата на почетните процени на атентатот изведен ноќта кон средата, кога во претседателската резиденција надво од главниот град на Хаити смртно го застрелаа претседателот Жованел Моисе а тешко ја ранија неговата сопруга Мартин Моисе.

Ситуацијата ја копликува обвинитението дека во ликвидацијата во групата платеници од 28 лица, покрај 26-те поранешни колумбиски воени лица, учествувале и двајца американски државјани, и двајцата од јужна Флорида.

Хаитските власти во истрагата двајцата Хаиќани со американско државјанство, како Џемјс Џи Солагес на 35 и Винсент Џозеп на 55 години, како и најмалку четворица колумбиски државјани. Функционери не сакале да одговорат дали американската амбасада на Хаити контактирала со двајцата Американци/

-Истрагата нема да влијае врз помошта којашто им ја пружаме на жителите на Хаити. Оваа акција беше одговор на одредено барање“, рече Псаки во Белата куќа.

Сенатот на Хаити го именуваше во саботата Жозеф Ламберт за преоден претседател на земјата до општите изборите претходно закажани за крајот на септември. Ламберт во петокот ноќта на социјалните мрежи изрази благодарноста за укажаната доверба и дека сака да го отвори патот за демократска транзиција на властите.

Меѓутоа, Сенатот како горен дом на парламентот на Хаити, нема кворум уште од јануари 2020 година. Поради тоа, нејасно е дали Ламберт може навистина да ја преземе должноста.