ФДА одлуката ја соопшти вчеравечер, а истата беше препорачана од експертскиот совет на Агенцијата минатата недела.
Ова значи дека луѓето над 65 години и помладите кои се сметаат за најмногу изложени на ризик за здравјето или професијата, можат да се вакцинираат со третата доза најмалку шест месеци по примањето на првите две дози.
Вршителот на должноста директорка на ФДА, Џенет Вудкок, изјави дека „засилувачите“ ќе бидат дозволени за групи како здравствените работници, наставниците, работниците во самопослужувањата и луѓето во засолништата за бездомници и затворите.
-Одлуката се базира на научни докази и стручни совети, рече таа и додаде дека „ФДА ќе продолжи да ги проценува научните достигнувања и благовремено да ја информира јавноста“.
Стручниот совет на ФДА минатиот петок оцени дека достапните податоци не ја оправдуваат вакцинацијата со третата доза на општата популација постара од 16 години.