САД најавија нова програма за поддршка на демократиите во развој, претежно од глобалниот Југ, а во висина од 255 милиони долари.
Државниот секретар Ентони Блинкен и директорот на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) Саманта Пауер, соопштија за оваа програма на маргините на Генералното собрание на ОН.
Во рамките на овие напори, Финансиската корпорација на САД за меѓународен развој ќе даде заем во висина од 100 милиони долари на банката Сидарта, за помош за кредитирање на малиот и среден бизнис во Непал.
Дел од оваа иницијатива, исто така, ќе бидат и 110 милиони долари добиени од компании и добротворни организации.
Парите ќе одат на такви проекти како развој на системот акумулатори за складирање енергија во Малави, проект за електрификација во Зимбабве, зголемување на индустриската безбедност во Малави и зацврстување на кибербезбедноста во Молдавија.
-Секое успешно раѓање на дете, секој потранспарентен државен институт ја зголемуваат увереноста на луѓето во тоа дека владата работи за нив и навистина може да ги исполни нивните потреби, изјави Блинкен.
Рече дека „сето тоа е во полза на зацврстување на подршката и зајакнување на демократиите кои носат конкретни резулатати“.