САД можат веднаш да ја обноват вакцинацијата со „Џонсон & Џонсон“, соопштија здравствените регулатори, завршувајќи ја десетдневната пауза, периодот што беше искористен за испитување на врската меѓу вакцината и исклучително ретките, но потенцијално смртоносни тромбози.

Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) и Агенцијата за храна и лекови во заедничката изјава наведуваат дека здравствените системи и примателите на вакцини ќе бидат предупредени на ризикот од потенцијално фатален синдром, што вклучува сериозни крвни згрутчувања и ниски тромбоцити.

Агенциите одлуката ја донесоа по состанокот на надворешни советници на ЦДЦ кои препорачаа да се запре со вакцинацијата со „Џонсон & Џонсон“. Одлуката следеше по истрагите на агенциите за ризиците од вакцината.

– Веќе не препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина, изјави директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски на брифинг со новинарите, додавајќи дека вакцината може да се користи веднаш.