САД денеска ветија повеќе од 308 милиони американски долари како првичен пакет помош за Авганистан годинава.
Чекорот е преземен по апел на ОН за доделување средства за да се избегне хуманитарна катастрофа.
Парите ќе обезбедат храна за ранливите категории луѓе, здравствени установи, програми за логистичка поддршка, се вели во соопштението на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).