Албанија ќе користи интелигентни дронови од домашно производство за заштита на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, кој следната година ќе се одржи во Тирана. Премиерот Еди Рама најави и дека земјата наскоро ќе добие нов напреден систем за воздушна одбрана.
Рама соопшти дека Владата веќе нарачала современ систем за воздушна одбрана, чија испорака се очекува во скоро време, со цел дополнително да се засилат безбедносните капацитети пред одржувањето на самитот.
– Како што ветивме, одбраната на небото за самитот на НАТО, каде што ќе биде присутен и претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се брани од небото и од Земјата и од Марс и од Месечината, ќе се врши со супер интелигентни дронови произведени овде во Албанија, нагласи Рама.
Во меѓувреме, албанската армија вчера доби 40 тактички возила произведени од албанската компанија „Тимак“, во партнерство со државната компанија КАЈО.
