Долга 140 метри, јахтата „Соларис“ има 48 кабини на осум палуби, екипаж од 60 членови и максимум 36 гости. Без сомнение, тоа е најскапата суперјахта направена некогаш. Фотографот на јахти, Џулиен  Хубер, рече дека ова е една од најголемите јахти што некогаш ги видел.

– Дефинитивно е меѓу 15 -те најголеми јахти во светот, и предизвика многу интерес кај морнарите и ентузијастите – рече тој.

Бидејќи Соларис ќе превезува еден од најбогатите луѓе во светот, во неа има  најсовремени безбедносни системи, вклучувајќи систем за откривање ракети контролиран од радар, засилени прозорци и оклопна заштита.

Се прашувате што ги краси нејзините осум палуби? Од луксузни кабини, спортски сали, сауни, џакузи, до неколку ложи и простории за забава, ги исполнува сите наши очекувања. Поскапа е од јахтата Eclipse, затоа очекуваме повеќе луксузни придобивки од неа. Засега не знаеме дали ќе има салон за убавина како Eclipse, но сигурно има отворен клуб на плажа во кој е совршено место за уживање.