Предвидената вредност на објектите изнесува 3.492.299.000 денари, што е за 124 проценти повеќе во однос на мај 2020 година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 164 (54.7 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 27 (9.0 проценти) за објекти од нискоградба и 109 (36,3 проценти) за објекти за реконструкција. Кај 145 објекти (48.3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 155 (51,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Гледано по региони, најголем дел од одобренијата, 85, се издадени во Скопскиот регион, по што следи Вардарскиот со 65, Полошкиот со 40,…., а најмалку се во Североисточниот, каде се издадени осум.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 49 094 метри квадратни. Најголемиот дел од предвидените станови, се во Скопје каде ќе се градат 406 станови. Станува збор за 163 стана во Општина Гази Баба, 64 во Кисела Вода, 60 во Сарај, 47 во Карпош, 44 во Центар.