Како што јави дописничката на МИА од Атина станува збор за проект вреден околу 100 милиони евра, од кои 54 милиони евра се во Македонија.

Со интерконекторот за природен гас се отвора огромна можност, не само за Македонија, туку и за Србија, за Косово и за целиот регион на Западен Балкан и со него ќе се овозможи диверзификација на природниот гас.

– Ова е голем чекор напред кон подобрување на енергетската структура на нашата држава и секако тоа ќе придонесе во диверзификација на снабдувањето со природен гас, а секако и во однос на стабилноста во снабдувањето со природен гас, изјави Бектеши по потпишувањето.

Ова е важен договор, рече Скрекас, кој додаде дека ќе се создадат илјада работни места за време на изградбата.

– Околу 110 милиони евра ќе чини изградбата на овој важен проект, што ќе ги обедини двата системи за природен гас на двете држави и секако, откако ќе почне со работа, овој гасовод многу ќе помогне во дополнителниот развој на нашите економии, посочи Скрекас.