Како причина за разочараноста на граѓаните е тонењето на економијата, криминалот и корупцијата како и немањето работа во нашата земја.

Една од причините е и зголемувањето на цените на производите, но и зголемувањето на цените на горивата, додека платите се непроменети.

Доказ за зголемувањето на цените на горивата во последните 14 месеци се прикажани и на следната табела каде за точно една година цената на бензинот се зголемила за вртоглави 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари.

Инаку ова поскапување го одлучи владата предводена од СДСМ и Зоран Заев на 82-та седница со што се зголемуваат давачките за увоз на нафтените деривати во земјава за 3,5 денари за моторен бензин, со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.