Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска од 9 до 15 часот спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес и санкционираше 98 возачи поради тоа што се движеле со брзина поголема од дозволената.

Како што соопштија од МВР, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од Министерството посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.