Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што се санкционирани 119 возачи.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.