На територијата на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, осум за возење повеќе од дозволената брзина, три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за неприписно престројување на возила, 30 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.