На територијата на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои 106 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 13 прекршоци за возачи на мотоцикли, три санкции за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.
Исто така, изречени се 45 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.