Во спроведена зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје, за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, денеска во периодот од 10 до 18 часот санкционирани се 38 возачи.

Како што соопшти МВР, од изречените санкции шест се за возачи кои не користеле заштитна кацига за време на возење, четири возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.