Од МВР денеска соопштија дека од нив, 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
– Притоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место, стои во соопштението од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.