Изградба на нова детска градинка во Урбан блок 7 и реконструкција на спортскиот објект ДТВ „Партизан” од Гевгелија, како што посочи Сарамандов, се приоритети во неговата програма.
Според Сарамандов, со изградбата на нова детска градинка во Урбан блок 7 ќе обезбедат доволно места за згрижување на најмладите од Гевгелија.
-Реконструкцијата на ДТВ „Партизан” со должно внимание и респект кон резултатите и спомените на неколку генерации гевгеличани од неговото работење. Тука се направени првите обиди во гимнастиката, каратето, во кик-боксот, во пинг-понгот и тука се направени првите успеси на спортистите од Гевгелија. Со неговата обнова, ќе се создаде поширок амбиент за дружење и социјализација на најмладите. Да создадеме нова иднина, преку промени, проекти и нови победи, истакна Сарамандов.