Додека СДС и Венко Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, нивниот пратеник и бизнис партнер Асмир Јахоски ги труел граѓаните со канцероген мазут за профит и провизии, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако опозицијата глуми загриженост за квалитетот на воздухот, денеска од СДСМ нема да чуете ништо за загадувањето, но затоа се открива како криминалците на Венко Филипче со години го труеле народот преку сомнителни зделки со канцероген мазут.

„Најголемо лицемерие е кога СДСМ и Филипче се претставуваат како загрижени за аерозагадувањето, а во реалноста, заради бизнис и пари, нивниот пратеник и бизнис партнер Јахоски го труел народот со мазут. Денес нема да слушнете од СДСМ збор за загадениот воздух, но ќе видите како криминалците блиски до Венко Филипче, водени од провизии и бизнис-интереси, го изложувале народот на канцероген мазут. Истите тие, кои потпишуваа милионски договори со министерствата под контрола на СДСМ, вклучително и Министерството за здравство додека Филипче беше министер, сега се обидуваат да молчат за сопствената одговорност,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скандал: Канцероген мазут се користел во училишта и министерства

Според ВМРО-ДПМНЕ, бизнисите на Јахоски склучувале милионски договори со министерствата на СДСМ, вклучително и Министерството за здравство додека министер бил Венко Филипче.

  • Колку училишта и министерства набавиле од канцерогениот мазут на блиските луѓе на Филипче?
  • Колку јавни институции користеле овој токсичен мазут, додека функционерите на СДСМ ги полнеле џебовите со милиони?

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ова е класичен пример на криминално-политичка спрега, каде што здравјето на граѓаните било жртвувано заради бизнис интереси.

Клопчето на корупцијата се одмотува

„Вистината ќе излезе на виделина. Се расплеткува клопчето на криминалци во политиката“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, најавувајќи целосна истрага за улогата на СДСМ во овој еколошки скандал.

Додека граѓаните се задушуваат во загаден воздух, СДСМ и Филипче молчат, но нема да можат да избегнат одговорност за ова злосторство против народот.

Извор: Kurir