Младите се за ЕУ, изолацијата, која ја нудат Христијан Мицкоски и ДПМНЕ е неприфатлива. Таа води во нови бранови иселувања на младите, економско уназадување, неизвесност и бесперспективност“, велат од СДСМ.

Македонски млади немаат време за губење, немаат нови 11 години да ги потрошат.

Со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги.

Младите нема да дозволат да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја во белиот дворец и желбата за власт по секоја цена, не им мислат ништо добро“, се додава во соопштението на СДСМ.