-Во недостиг на идеи, проекти и програми за Скопје и за скопјани, во Белата палата измислуваат лажни вести и шират дезинформации.Може ВМРО-ДПМНЕ со фабрикувани и нецелосни документи да поднесува неосновани кривични пријави, да се обидува да врши притисок врз обвинителството, но ништо нема да го спаси од сигурен пораз на претстојните избори.Граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела, кои повторно, седми пат по ред ќе бидат поразени на 17 октомври, велат од СДСМ.
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени на 17 октомври
С
Се урна уште една конструкција на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ, од каде реагираат на соопштенијата за, како што ги нарекуваат, наводните коруптивни скандали поврзани со градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски.