СДСМ во март ќе бира претседател

СДСМ во март ќе одржи избори за нов партиски претседател. Изборите ќе се одржат на 16 март, потврди лидерот Венко Филипче, чиј мандат завршува на 21 март.

Филипче: Во тек се два внатрепартиски процеси

„Внатре во партијата се спроведуваат два процеси истовремено. Првиот е изборот на нов претседател, а вториот е идентификување потенцијални кандидати за соработка со други партии и граѓански организации“, изјави Филипче.

До почеток на април ќе има резултати.

„Очекуваме овие постапки да бидат завршени до крајот на март, со што во првата половина од април ќе ги имаме конечните резултати“, додаде тој.

Анкети: Пад на рејтингот на СДСМ

Во меѓувреме, анкетите покажуваат дека драстично паѓа поддршката за СДСМ дури и во опозиција. Ако пред само една година СДСМ беше владејачка партија сега истата се сруши како кула од карти. И со Зоран Заев и Димитар Ковачевски и Венко Филипче со сите паѓа рејтингот

Aко утре има избори, за СДСМ не би гласале ни десет отсто од граѓаните

СДСМ и ДУИ се партии кои ја блокираа Македонија на патот кон Европската унија ветувајќи нешто што немаа поима како ќе го исполнат. Тие ветуваа и потпишуваа договори со кои наместо да ги решаваат отворените прашања со соседите, тие ги комплицираа дополнително-реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21