СДСМ работи во интерес на граѓаните и државата и прави сè за членство во Европската унија, велат од партијата на власт.
„По 17 години чекање ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и признат македонски јазик.
Усвојувањето на уставните измени е за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбеди европската иднина на државата и на граѓаните.
Од друга страна ДПМНЕ само блокира и се поставува како пречка на патот кон ЕУ членство“, реагираат од СДСМ.
Сите лаги и деструкции на ДПМНЕ, како што велат, им потонаа и за бугаризација и асимилација, за губење на јазикот и идентитетот, за бугарски диктат.
Оценуваат дека со попречување на напредокот на европскиот пат, ДПМНЕ кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните, економска извесност, подобри перспективи за младите.
Според владејачката партија, пред државата е единствена можност, што треба да се искористи. Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна, истакнуваат од оваа партија