Инаку, синоќа болницата ја информирала полицијата, која направила увид, дека обезбедувањето забележало физичко оштетување, со хебла на таблата која е веднаш до модуларната болница и ја напојува со електрична енергија. Полицијата го истражува случајот, а земени се и снимките од безбедносните камери.

Од Општата болница  информираат дека нема проблеми во функционирањето на модуларната болница каде се хоспитализирани 17 ковид-пациенти.

-Во модуларната нема никаков прекин на струја, ниту е нарушено функционирањето. Од 17 хоспитализирани пациенти, 14 се на кислородна поддршка, а двајца пациенти се во тешка здравствена состојба, информираат од болницата.

По големата трагедија во тетовската модуларна болница, во прилепската имало вонредни инспекциски контроли и надзор на исправноста на противпожарните апарати, уредите и на електричната инсталација и не е најден никаков пропуст.