Опасноста е се поголема, не само поради лесното ширење туку и поради мутации кои ќе се развиваат.

СЗО побара од светските лидери да ги вложат своите напори до следната година да биде вакцинирана 70% од свеската популација. За глобална имунизација потребни се 11 милијарди доза, а само два проценти од залихите беа поделени во сиромашните земји.

– Се наоѓаме во многу опасен период на пандемијата. Во земјите со мал број вакцинирани, страшните се глетките во болниците кои се преплавени со пациенти. Но ниту една земја на планетава се уште не е излезена од шумата. Делата варијантата е опасна и ќе продолжи да евоуира и да мутира, што бара постојана проценка и внимателен одговор за зашптита на јавното здравје, Тедрос Адханом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.