Од авиокомпанијата „Рајанер“ се огласија по инцидентот на летот од Солун кон Меминген, при кој бил оштетен прозорец во патничката кабина, а еден патник бил повреден.
Од компанијата потврдиле дека прозорецот бил избиен за време на летот под дејство на физичка сила, по што авионот се вратил на аеродромот во Солун.
Авионот нормално слетал во Солун
„Авионот нормално слета, а патниците беа вратени во терминалот“, соопштиле од „Рајанер“.
Од компанијата додале дека еден патник побарал и добил лекарска помош на земја, но не прецизирале како точно настанале неговите повреди. За патниците бил организиран заменски авион со кој го продолжиле патувањето кон Меминген.
Не ги коментирале тврдењата дека патник за малку ќе испаднел
„Рајанер“ не ги коментирал информациите објавени во грчките медиуми дека 61-годишен патник за малку ќе испаднел од авионот откако се скршил прозорецот покрај неговото седиште.
Според медиумските извештаи, поради разликата во притисокот мажот бил делумно повлечен кон отворот, но го задржале неговата сопруга и други патници. Повредениот, кој е со потекло од Србија, бил пренесен и задржан во болница.
Организиран заменски авион за патниците
Инцидентот се случил при искачувањето на авионот на височина од околу 4.500 метри. Потоа леталото се спуштило на помала височина и безбедно се вратило во Солун.
По слетувањето, патниците биле вратени во терминалот, а компанијата обезбедила друг авион за продолжување на патувањето.
