Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 95,42 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 95,02 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 113,85 на 114,15 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1380 долари, најниско ниво од јули минатата година, додека вчера во ова време беше 1,1455 долари.

Еврото ослабе откако претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард вчера изјави дека затегнувањето на монетарната политика за ограничување на инфлацијата може да му наштети на закрепнувањето на економијата на еврозоната.

Како резултат на тоа, шпекулациите на пазарите дека ЕЦБ би можела да ги зголеми каматните стапки веќе следната година стивнаа.