– Секој што ќе прими две дози ќе добие по 1.000 гривни (околу 35 евра), најави Зеленски.

Наградата е понудена во момент кога само една третина од Украинците се целосно вакцинирани. Сумата може да се потроши во спортски сали, кина, театри, музеи или патување со воз или авион низ земјата. На овој начин ќе се поддржат и индустриите погодени од корона-кризата.